Биографија на основачот на Светската Организација на Скаутското Движење (WOSM) лордот Роберт Стивенсон – Смит Баден Пауел од Гилвел

 

Смит Баден Пауел

Смит Баден Пауел

Роден е на 22.02.1857 година во Лондон – Англија, (како шесто дете од вкупно десет деца).

Останал без татко кога имал само 3 години. Првото образование го добил од својата мајка, а подоцна го посетувал училиштето Rose Hill School. Таму добива стипендија и образованието го продолжува (на 13 годишна возраст) во колеџот Чартрхаус. Според крајните резултати БП немал високи оценки во училиштето. Тие гласеле вака некако: „Математика – решил да се откаже од учење“, „Француски – може и подобро, ама станал мрзлив и честопати спие на часовите“. но затоа сакал да свири клавир и виолина, глумел, цртал, учел да зида сакал извидување и живот во природа.

Омилено место за слободни активности за време на учебната година му била една мала шумичка која се наоѓала во непосредна близина на колеџот и која по правило била забранета за престој на учениците. Таму си собирал капинки, јадел шумски плодови и ги користел сите итроштини да не биде фатен од учителите. Најверојатно тамо и во тоа време му се родила љубов кон природата и скаутизмот.

Кога си доаѓал дома, секогаш кога било возможно, Баден Пауел излегувал на разни експедиции низ околната природа со поголемите браќа. Пловеле со чамец или ја истражувале природата со денови на ред, со ранци на грбот и се грижеле сами за себе.

Неколку години по завршување на колеџот Баден Пауел пристапува во армијата каде што го примаат во конкуренција од 700 кандидати. По завршување на академијата во 1876 година на 19 годишна возраст, го испраќаат како поручник во Индија. Таму тој останува цели 10 години каде што развива свои умешности да набљудува, да се крие, да живее под отворено небо, да се грижи сам за себе, и да спортува постојано. Подоцна е испратен во военото аташе во Русија каде поради неговиот талент и способностите кои ги покажувал, жнее пофалби и восхит од другите.

За време на англо-бурската војна, во Јужна Африка, од 1899-1901 година само со илјада војници под своја команда, Баден Пауел успешно ја води одбраната на градот Меифкинг. Градот е ослободен по пристигнувањето на воената помош, а Баден Пауел е прогласен на национален херој. На 42 годишна возраст унапреден е во генерал-мајор. Ја организира полицијата во чиј состав влегуваат луѓе кои се способни да се движат по траги, да прават скици на места и објекти, да набљудуваат, да забележуваат и да работат со чувство на одговорност. Врз основа на стекнатото искуство ја напишал својата прва книга „Помош за извидништво“ (AIDS TO SKAUTING).

Пишувал и за тамошните деца кои му помагале за пренесување пораки, давајќи прва помош на ранетите и на многу слични начини. Во тоа ја препознал желбата на момчињата да направат нешто корисно, активно да придонесат за својата земја и за нивната желба за авантура. Тогаш му се родила идејата за едно ново движење на младите кое ќе се потпира на искуството на момчињата од Меифкинг.

Опседнат од таа идеја на 29 јули 1907 година со 22 (дваесет и две) момчиња- синови на свои пријатели и деца од квартот каде живеел, БП оди на кампување на островот Браунси во заливот Пуул кај Дерсет, Јужна Англија. Тој е првиот скаутски камп, кој било предвидено да трае 7 дена но продолжил и траел 10 дена, затоа што момчињата не сакале да се вратат дома. Целта на кампот била момчињата да зајакнат физички и да се научат да помагаат на другите, како да се прехранат во природа, сами да бараат и да откриваат. Ги поделил во четири патроли: Бикови, Гаврани, Овни и Волци. Импресиониран од воодушевувањето на децата кои биле во кампот сето тоа го публикувал по една година (1908) во книгата „Извидништво за момчиња“ (SCOUTING FOR BOJS).

Тоа предизвикало невиден интерес во цела Англија, започнале да се формираат патроли и движењето толку многу се развило, што се појавила потреба БП да ја напушти војничката служба, за да може целосно да му се посвети на штотуку роденото движење на младите.

Две години подоцна во Англија веќе биле регистрирани над 108 000 илјади бојскаути (момчиња) и 8000 илјади грлгајдови (девојчиња). Во 1910 година го формира и женското скаутско движење (Girl Guides Movement) и во потполност се посветува на извидништвото во што има целосна поддршка од својата триесет години помлада сопруга Оливија.За време на првото Џамбори (голем камп на кој се сретнуваат извидници од различни градови и држави) во Лондон во 1920 година на свеченост во хотелот „Олимпија“Баден Пауел е прогласен за Светски старешина на извидниците.

Во 1929 година за заслугите што ги имал за младите во Светот воопшто, тој ја добива од Британската круна, титулата барон и станува познат како Лорд Баден Пауел од Гилвел. Неговата сопруга во 1930 година е избрана за претседателка на Светското женско скаутскo движење. Инаку и двајцата биле родени на ист датум 22.02. па од 1926 година овој датум се прославува како Светски ден на извидниците и се обележува во двете светски организации на посебен начин. Познат е и под името ден на Баден Пауел односно Thinking Day.

Тој се разделува од движењето во 1937 година за време на Светското Џамбори во Холандија пред 28 000 илјади извидници од целиот Свет. Заминува во градот Ниери, Кенија каде умира на 8 јануари 1941 година. Последните зборови му биле „БИДИ ПОДГОТВЕН“ (термин кој станал поздрав на извидниците).

Надгробдна плоча на Баден Пауел

Надгробдна плоча на Баден Пауел

 

На неговата надгробна плоча се врежани знаците на Светското скаутско движење и патниот знак со кој скаутите соопштуваат „Се вратив дома“. Баден Пауел е погребан во Ниери, Африканска Кенија по негова желба.

 

 

 

 

Некои мисли на Баден Пауел:

Извидништвото е за секој ама секој не е за извидник.
Извидникот е насмеан и си свирка под сите околности.
Еднаш извидник – засекогаш извидник.

 

Молитва за водачите од Баден Пауел:

Не е лесно да бидеш добар и прав извидник, ама е многу гордо. Посебно е тешко да бидеш вистински водач и да раководиш со членовите. Сета сериозност и тежина на должноста водач или било кој раководител во нашата организација се гледа во следнава молитва која гласи:

АКО ТИ УСПОРИШ – ТИЕ ЌЕ ЗАСТАНАТ
АКО ТИ ПОПУШТИШ – ТИЕ СЕ ВРАЌААТ НАЗАД
АКО ТИ СЕДНЕШ – ТИЕ ЌЕ ЛЕГНАТ
АКО ТИ СЕ СОМНЕВАШ – ТИЕ ОЧАЈУВААТ
АКО ТИ КРИТИКУВАШ – ТИЕ ЌЕ РАЗОРАТ
АКО ТИ ОДИШ НАПРЕД – ТИЕ ЌЕ ТЕ ПРЕТРКААТ
АКО ТИ ЈА ДАДЕШ СВОЈАТА РАКА – ТИЕ ЌЕ ЈА ДАДАТ СВОЈАТА КОЖА
АКО ТИ МОЛИШ – ТИЕ ЌЕ БИДАТ СВЕТИ.

(Ти – водач, Тие – извидници со кои раководи водачот).

 

Последната порака на Баден Пауел до извидниците

Лорд Роберт Баден – Пауел, Основач на Извидништвото и Светски Старешина на Извидниците, починал во Кенија на 8 јануари, на возраст од 83 години. Војници и извидници го испратиле ковчегот во едноставен гроб во Ниери.

Оваа порака до сите извидници е пронајдена помеѓу неговите документи откако умрел:

Драги Извидници, ако некогаш сте ја виделе претставата Петар Пан, се сеќавате ли како водачот на пиратите секогаш правеше претсмртен говор, бидејќи се плашеше дека во претсмртниот момент можеби нема да собере здив за тоа. Исто е и со мене и затоа, иако во овој момент не умирам, свесен сум дека тоа ќе се случи во некој од наредните денови и би сакал да ви упатам поздравен збор за збогум. Запомнете, ова е последен пат како ме слушате, па затоа размислете.

Јас имав многу среќен живот и сакам секој од вас да биде исто толку среќен. Верувам дека Господ не донел на овој прекрасен Свет да бидеме среќни и да уживаме во животот. А среќата не доаѓа од богатството, ниту од успехот во вашата кариера. Еден чекор кон среќата е да бидете здрави и силни додека сте млади за да бидете корисни, кога ќе станете возрасни. Учењето во природа ќе ви покаже дека Господ го создал овој Свет преполн со убавина и прекрасни нешта за вие да уживате. Бидете задоволни со она што го имате и извлечете го најдоброто од тоа.

Гледајте од светлата страна на работите, наместо од мрачната. Вистински начин да постигнете среќа е да им подарувате среќа на другите луѓе. Оставете го овој свет барем малку подобар одошто сте го нашле, така што кога ќе ви дојде судниот час, ќе си одите среќни и со чувство дека во ниеден период не сте губеле време, туку дека сте го направиле најдоброто што сте можеле, „БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ“ на овој начин да живеете среќно.

Држете се до извидничкиот завет секогаш кога ќе пораснете и Господ нека ви е на помош.

Вашиот пријател Баден Пауел.