Возрасни категории во ИПО „Јадран“ Скопје

Според возраста, членовите во Одредот се поделени во пет возрасни категории:

  • Развигорци од 7 до 11 години
  • Извидници од 12 до 15 години
  • Истражувачи од 16 до 18 години
  • Ровери од 19 до 29 години
  • Сениори над 30 години

Заедничко име на сите членови на Одредот е ИЗВИДНИК-ПОРЕЧАНИН.

Извиднички закони

Законите на развигорците гласат:

  • Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен,
  • Развигорецот ги почитува своите родители и постарите,
  • Развигорецот добро учи, вреден е и несебичен.

Законите на извидниците гласат:

  • На извидникот му е чест да му веруваат,
  • Извидникот е корисен,
  • Извидникот е добар другар,
  • Извидникот е учтив,
  • Извидникот е оптимист,
  • Извидникот е верен и одговорен,
  • Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења,
  • Извидникот ја цени природата,
  • Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности,
  • Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата.