БИДИ ИЗВИДНИК

Извиднички Поречански Одред „ЈАДРАН“ Скопје
Клуб на извидници: Дом на градежниците во Скопје
Телефон: 071 289-929
E-mail: jadranstab@yahoo.com

 

ПОКАНА ЗА ПРИЕМ ВО ЧЛЕНСТВО

Се известуваат сите заинтересирани ученици на возраст од 7-15 години дека Извидничкиот Поречански Одред „Јадран“ Скопје, врши упис на нови членови:

Во „Дом на градежници“ Центар, секоја сабота од 11.00-13.00 часот и во своите организациони единици – патролите во:

ОУ „Јан Амос Коменски“, Карпош,
ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода,
ОУ „Кузман Шапкарев“, Драчево,
ОУ „Климент Охридски“, Драчево,
ОУ „Рајко Жинзифов“, Драчево,

 

Нашите програмски активности се:

Изучување на ориентацијата и натпревари во природа, игри, излети;
Изучување на сигнализација,врзување и одврзување на јазли, шатори;
Изучување на вештини за снаоѓање во природа, и нејзино зачувување;
Изучување на дисциплини на вода – веслање, рафтинг, пливање, нуркање.

Бидете и вие дел од најстарата и најмасовна организација на деца и млади во Светот, Светската Организација на Скаутското Движење која постои од 1907 година и брои преку 28 милиони членови од 205 држави членки на Обединетите нации.

Дел од активностите ги реализираме, и во нашиот извиднички дом во Катлановска Брезица и во извидничкото одморалиште на брегот на Јадранското Море во Буљарица, Република Црна Гора.

Годишната членарина изнесува 1200 (илјада и двеста денари) денари.

Опремата (која се купува еднократно, кошула, маица, марама, дуксер, амблем, книга и членска карта) изнесува 1150,00 денари.

Со извиднички поздрав ЗДРАВО, БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ!!!

Тодороски Дончо
началник