ИПО "Јадран" – СКОПЈЕ

извиднички камп „јадран“

Буљарица, Петровац на море

… Совршено место за создавање заеднички и индивидуални прекрасни спомени што ќе траат цел живот… со поддршка на извидничката заедница во ритамот на природата!

Откријте се и надоградете се себе си со убави и корисни работи за цел живот – едноставно, придружете ни се во кампот во Буљарица за летно доживување исполнето со прекрасни авантури, истражувања и пријателство.

 

Извидничкиот камп „Јадран“ во Буљарица, Република Црна Гора ви нуди уникатна можност за авантура и за одмор. Кампот е лоциран близу прекрасната плажа опкружена со планини и зеленило. Тоа е одлично место за сите извидници и пријатели на извидниците да се „предизвикаат“ себеси, да научат нови вештини и да создадат незаборавни моменти и прекрасни спомени, фотографии и видеозаписи. Во извидничкиот камп „Јадран“, извидниците можат да учествуваат во различни активности при што природната убавина на ова прекрасно место ја надоградува нивната работа. Без разлика дали се работи за играње игри на плажа и за спортови на вода, покрј и на Јадранското Море, планинарење и истражување на локалниот див свет, или, пак, вежбање, кампување или вештини за преживување, едноставно, има по нешто за секого, според негов вкус и избор, во Извиднички камп „Јадран“ што има долгогодишна традиција. Пешачењето и истражувањето на природата во близина на кампот и околните шуми на планините нудат можности за планинарење и прекрасни прошетки и дружење по планинските патеки… Од горе се откриваат незаборавни глетки на пејзажот и морката недогледна широчина. Ова се дел од многуте активности, а можностите се речиси бескрајни.

Веруваме дека кампувањето е суштински дел од извидничкото искуство што е силен дел од секоја личност, а нашиот камп во Буљарица е дизајниран да обезбеди безбедна и пријатна средина за извидници од сите возрасти. Без разлика дали сте искусен кампер или сте само гостин, ќе откриете дека нашиот камп нуди по нешто за секого, од возбудливи авантури на отворено до тивки моменти за размислување во ритамот на природата.

 

Покрај неговата живописна убавина, во извидничкиот камп во Буљарица  Ќе бидете сместени во пријатни бунгалови за кампување кои нудат и приватност и удобност. Сместувањето е во две, три и четири креветни камп куќички. Нашиот ресторан служи вкусни јадења подготвени со свежи, локални состојки и традиционална Македонска кујна, а нашиот кафе-бар нуди различни освежителни пијалоци.Нашиот искусен и посветен персонал е секогаш при рака за да помогне за извидниците и гостите да го имаат најдоброто можно искуство и да обезбеди поддршка и водство секогаш кога тоа е потребно.

Кампот располага со опремена амбуланта  и лекар кој работи 24/7, како и инфо биро кое е достапно во  барот на кампот

Кампот, со неговата убава поставеност во околината, со извидничката заедница за поддршка и со големите можности за раст и развој е совршено место за создавање заеднички и индивидуални прекрасни спомени и искуства што ќе траат цел живот. Откријте се и надоградете се себе си со убави и корисни работи за цел живот – едноставно, придружете ни се во кампот во Буљарица за летно доживување исполнето со прекрасни авантури, истражувања и пријателство.

 

Дополнителни информации:

Мико Стојановски – mikostojanovski@yahoo.com – +389 78 491 000